Бесплатен јавен превоз за редовните студенти

32

Во пресрет на почеток на академската 2023/2024 година, од Јавното сообраќајно претпријатие  „Скопје“ (ЈСП) потсетуваат дека право на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на некој од државните факултети во Скопје на додипломски студии (прв циклус), без ограничување на возраста.

Процедурата за обезбедување на посочениот тип на билет се врши во некој од седумте центри заперсонализација на ЈСП, со лично присуство на студентот.

Потребни документи: потврда за редовен студент (не постара од еден месец), оригинал индекс и лична карта на увид – 200 денари (еднократен надомест) за изработка на електронска персонализирана картичка „Скопска“.

На бруцошите билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година (2024 година).

Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии(градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа.