Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

57

За време на новогодишните и божиќните празници паркирањето во општина Центар ќе биде без наплата за сите граѓани.

Како што информира ЈП Паркинзи на Општина Центар, согласно Одлуката на претпријатието на 1 јануари 2024 година сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 2 јануари 2024 година со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници, на 6 јануари, 7 јануари и 8 јануари 2024 година, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 9 јануари 2024 година со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.