Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение во кавадаречките училишта

50

Учениците од прво до петто одделение во основните училишта во општина Кавадарци добиваат бесплатен оброк. Општината за оваа учебна година од буџетот обезбеди 19,5 милиони денари за оброк на 1810 ученици.

Директорите ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ и во ООУ„Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци нагласија дека учениците редовно добиваат оброк и се задоволни.

„Менито е нутриционистички изготвено и вклучува разновидна храна, пијалак и овошје“ вели градоначалникот Митко Јанчев и додава дека општина Кавадарци е прва општина во Македонија, што реализира ваков проект.