„Берлускони задава проблеми и од гробот“: Негодување во Италија по одлуката аеродромот да го носи името на покојниот тајкун

77

Главниот аеродром во Милано наскоро ќе биде преименуван и именуван по поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони. Берлускони, кој почина минатата година на 86-годишна возраст, водеше четири италијански влади и несомнено беше една од најразновидните италијански фигури на модерната ера.

Политико пишува дека левичарската група Млади демократи од Ломбардија покренала петиција со која побарала од властите да ја преиспитаат одлуката и собрала повеќе од 16.000 гласови. Опозициските политичари ја осудија иницијативата на владата.

Одлуката предизвика негодување во Италија
– Силвио Берлускони им задава мака на непријателите дури и од гроб – пишува Политико.

Негодувањето започна во петокот откако министерот за транспорт, Матео Салвини, за време на конференција во јужна Италија објави дека Националната управа за цивилно воздухопловство го одобрила барањето на регионот Ломбардија да го преименува аеродромот Малпенца во чест на Берлускони.

– Конечната одлука е на министерот за инфраструктура и транспорт, а јас сум подготвен да го ставам конечниот потпис, гордо и од сѐ срце. Во спомен на мојот пријател Силвио, голем претприемач, голем миланец, голем Италијанец. Секогаш со нас.

Објавата на Салвини предизвика бурни реакции поради низата скандали поврзани со Берлускони. Покрај тоа што беше осуден на затворска казна за финансиски малверзации, тој низ годините беше вмешан и во бројни правни контроверзии и секс скандали.

„Берлускони не вреди“
– Зошто аеродромот? Тоа не е фер. Зошто да не му посветите салон за масажа со среќен крај? – изјави Грета Коготи, потпретседател на градскиот совет на Бијела и член на опозициската Демократска партија.

Петицијата на Младите демократи, започната во неделата, тврди дека аеродромот заслужува име „што ги отелотворува вредностите на чесноста и услугата на заедницата“, додавајќи дека „Берлускони не ги одразува овие вредности, како што беше потврдено со бројните кривични пресуди против него “.

– Не сакаме тоа да остане само петиција, туку и приказна за генерација која повеќе не сака да ја поддржува глорификацијата на политиката, ниту личност која беше осудена за измама, беше под истрага за детска проституција и корупција – рече Тицијана, водач на групата.

Сопартијците и поддржувачите на Берлускони го фалат за неговите претприемачки вештини, харизма и придонес во економскиот и политичкиот пејзаж на Италија, додека критичарите го обвинуваат дека ја користел својата позиција за да се збогати.