Берлускони го победи вирусот

17

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска излегува од болницата во Милано, каде беше примен пред две недели поради коронавирус.

„ Берлускони ќе биде отпуштен денеска околу пладне“ рекле функционери од неговата партија „Форца Италија“.

83-годишниот Берлускони беше хоспитализиран на 4 септември со благи симптоми на пневмонија во двете белодробни крила, откако на Сардинија се зарази со коронавирус, пренесе Ројтерс.