Бен Једер наследник на Левандовски

130

Најдобриот стрелец во дресот на францускиот прволигаш Монако, Висам Бен Једер, е најновата желба на раководните лица на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М). Бен Једер беше купен од шпанскиот прволигаш Севилја за 40 мил. евра, а во изминатата сезона постигна 18 погодоци во Лига 1. Челниците на баварскиот гигант се убедени дека францускиот интернационалец може да биде идеален партнер и наследник на репрезентативецот на Полска, Роберт Левандовски.