И покрај сите негодувања изминатиот период, кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс, би можел да се врати во клубот. Како што објави новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски, во тек се преговори помеѓу раководството на тимот, тренерот Док Риверс и агентот на Симонс за решавање на новиот проблем и негово враќање.

Симонс не се појави на тренинг кампот, а оттогаш продолжи незадоволството кон него кај навивачите, и веројатно одреден број соиграчи. Тој сакаше да биде трејдуван по секоја цена, но раководството на тимот не ја оствари желбата на кошаркарот. Како што пишуваат американските медиуми, Симонс најверојатно наскоро ќе потпише нов договор со Филаделфија.