Бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот поевтин за исто толку

9

За половина денар од полноќ поскапуваат бензините, а за исто толку поевтинува дизелот. Цената на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 62 денари за литар. Малопродажната
цена на дизелот ќе биде 52,50 денари за литар, а на Екстра лесното
масло за домаќинство 52 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,351 денари за
килограм, во однос на претходно утврдената цена. Така, сега новата
цена на мазутот ќе изнесува 25,709 денари за килограм
Од Регулаторната комисија за енергетика информираа дека со новата
одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените
деривати за 0,50 проценти во однос на претходно утврдените.