Бензините поевтинуваат за 2.67 проценти

91

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто објави нови, намалени  цени на горивата, кои почнуваат да се применуваат од вечерва на полноќ.

Во согласност со методологијата за пресметка на цени на горивата, малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.67%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по половина денар – па еден литар 95-октански бензин ќе чини 48.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 50.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за еден денар и од вечерва на полноќ еден литар дизел гориво ќе чини 45.00 денари.