Бензема, Куртоа и Де Брујне номинирани за наградата играч на годината на УЕФА за 2021/22

26

Познати се номинираните за наградата на Европската фудбалска асоцијација за најдобар играч во сезоната 2021/22.

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа и играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне се во конкуренција за титулата, објави официјалниот сајт на УЕФА.

Бензема стана најдобар стрелец на турнирот во сезоната 2021/22 во Лигата на шампионите, постигнувајќи 15 гола. За најдобар голман на турнирот беше прогласен Куртоа. Де Брујне беше прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата, каде повторно ја освои титулата.

Свечената церемонија на која ќе биде прогласен најдобриот ќе се одржи на 25 август.

Имено, напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси и напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо за првпат не се најдоа меѓу 15-те најдобри играчи на годината според УЕФА.