Белорускиот атлетски тренер Јуриј Моисевич е суспендиран на пет години, поради брутална навреда на спортистка и нејзина злоупотреба. Имено, многумина се сеќаваат како, во текот на Олимписките игри во Токио 2021 година, ја принуди атлетичарката Кристина Цимановскаја да се врати дома од Игрите откако таа ја критикуваше неговата работа, на социјалните мрежи.

Моисевич, исто така, беше прогласен за виновен за давање лажни или неточни информации во текот на настанот што доведе до заминување на спортистката од Олимпиското село во 2021 година. Нему му е забрането да работи во атлетиката до 2029 година.

На аеродромот во Токио, Цимановскаја не сакаше да се врати во Белорусија и побара помош од полицијата, поради можна одмазда и заплашување. Таа доби хуманитарна виза од Полска, а неколку дена подоцна, отпатува во таа земја. Минатата година, доби дозвола да се натпреварува за Полска на Светското првенство.