Белоруското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека на еквивалентен начин ќе одговори на санкциите воведени од трите балтички држави врз белоруските власти, нарекувајќи ги избрзан чекор, јавија руските медиуми.
Претходно денеска литванскиот претседател Гитанас Науседа соопшти дека Литванија, Летонија и Естонија ќе воведат санкции за околу 30 белоруски функционери, вклучувајќи го и претседателот Александар Лукашенко, пренесоа британските медиуми.
Според официјален Вилнус, ова е првата листа, која во меѓувреме ќе биде проширена, за да се санкционира белоруското политичко раководство за нерегуларностите и манипулациите за време на изборниот процес.