Групата Фолтин одржа концерт во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“ која во Скопје годинава се одржува по 17.пат. Граѓаните имаат можност да уживаат во музиката на Фолтин, но и во бројни други културно-забавни настани во главниот град.

Многубројните уметници, концерти, изложби, кино проекции и други културни перформанси на 13 локации во градот во „Бела ниќ“ го претвораат Скопје во центар на културните случувања.

Поради состојбата со пандемијата  со ковид-19, годинашното издание на „Бела ноќ“ исто како и лани, се одржува една недела порано од планираното. Офцијалната програма почна во 19 часот и ќе трае до полноќ.

Фото: П.Стојановски