Бела куќа: Доколку се воведат санкции, целта ќе биде руската индустрија

37

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден планира да ги поштеди обичните руски граѓани од американски извозни контроли доколку Русија ја нападне Украина, туку ќе се фокусира на одредени руски индустриски и технолошки сектори, изјави националниот советник во Белата куќа, Питер Херел.

– „Клучните луѓе“, исто така, ќе се соочат со „значителни санкции“, додаде високата економска претставничка Теа Кендлер

Санкциите би можеле да ја таргетираат руската економија, па би биле погодени индустрискиот и технолошкиот сектор, поточно се споменува производството на паметни телефони.

– Не можеме да ја предвидиме секоја акција, но намерата е да се деградираат руските индустриски капацитети и производство, а не да се таргетираат поединци, односно секојдневни руски потрошувачи, истакна Херел.