Бектеши побара од Владата „замрзнатите цени“ да останат и во февруари

26

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на својот официјален фејсбук профил објави дека Министерството за економија доставило одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година.

Инаку, оваа мерка која беше донесена во декември, е со важност до 31.јануари, а важи за цените на цените на лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, млекото, свежото месо, сувомеснатите производи, сирењето, урдата, јајцата, оризот и тестенините.