Легендарниот германски тенисер Борис Бекер, зборуваше за шансите на својот поранешен пулен Србинот Новак Ѓоковиќ, да го осови вториот грен слем турнир сезонава – Ролан Гарос. Меѓутоа, Германецот кажа и неколку збора за неговите најголеми ривали на турнирот во Париз.

Бекер и Ѓоковиќ соработуваа три години, време за кое светскиот тениски рекет број еден успеа да освои шест грен слем титули.

-Смешно, но јас секогаш го викав „душичка“. Кога луѓето беа со нас во лифт и кога Новак зборуваше германски, сите беа изненадени, изјави Бекер.

Германецот смета дека Ѓоковиќ има две различни личности, професионална и приватна.

-Има две личности. На терен е машина која по секоја цена сака да победи. А потоа надвор од теренот го имате Новак, семеен човек, кој има добротворна органзација, ја сака својата земја и би ви ја дал последната маица што ја има, изјави Германецот и додаде:

-Мислам дека луѓето понекогаш не го разбираат поради двете лица кои ги има. Тие го критикуваат бидејќи во него гледаат силен натпреварувач, што понекогаш може да биде многу неубаво. Но сето ова доаѓа од добрите намери.

Бекер е и еден од ретките тениски стручњаци кои се спремни да кажат кого го сметаат за најдобар на теренот, барем во овие моменти.

-Засега Надал е најдобриот тенисер во мојата евиденција, само поради начинот на неговата игра. Федерер е најталентираниот кого некогаш сум го видел, Ѓоковиќ е најжешкиот, но Надал… Не би сакал да играм против него на ниту една подлога, заклучи Бекер.

Ѓоковиќ на турнирот во Париз, кој ќе се игра во наредниве две недели отпатува со поголема самодоверба, откако ја осови титулата на турнирот во Белград. Тој во финалето беше подобар од Словакот Алекс Молчан со 6:4,6:3.

За Ѓоковиќ ова е 83. титула во кариерата, трета во српската престолнина, по освоените во 2009 и 2011 година.