Бекам нема никаква дилема

214

Легендарниот англиски фудбалер и сопственик на американскиот клуб Интер Мајами, Дејвид Бекам, нема никаква дилема околу тоа кој е подобар фудбалер, дали Меси или Роналдо.

  • Не постои друг играч како Лионел Меси. Тој и Кристијано се далеку пред сите, но да бидам искрен, Роналдо никогаш нема да го достигне нивото на Меси. Точно е, имаат сличности во техниката и во талентот, чудесно е што двајцата се поклопија да играат во иста фудбалска ера, но Меси е најдобар фудбалер на светот, изјави Бекам.