Без струја утре дел од општините Ѓорче Петров и Илинден

60

Без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Ѓорче Петров и Илинден. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје,  утре во периодот од 10:30 до 15:15 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Воин Драшкоци“, „Лихнида“, а можно е и дел од корисниците од улиците „Александар Мартулков“ и „Панко Барашанов“ во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од новопроектираната улица во новата населба „Јака“ во Марино и дел од улицата „Мост“ во општина Илинден.