Без струја утре дел од корисниците во општина Ѓорче Петров

43

Без електрична енергија утре од 09:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улиците „Александар Македонски“, „Кадињача“ и  „Андреја Папарадишки“ во Oпштина Ѓорче Петров.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.