Без струја утре делови од Ѓорче Петров, Бутел и Илинден

83

Без струја утре ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Бутел и Илинден.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во периодот од 9 до 12 часот во Ѓорче Петров струја ќе немаат корисниците од село Волково дел од улица 102, куќите кон патот за село Орман.

Во Бутел, струја ќе нема од 9 до 11 часот на дел од улица Радишанска лево, улица Бел Камен.

Корисниците од дел од село Мршeвци во Општина Илинден струја ќе немаат од 9 до 15 часот.