Без струја утре делови од Кисела Вода и Карпош, без вода дел од Центар

62

Без струја утре од 8.30 до 11.30 ќе бидат корисниците од ул. „Димо Хаџи Димов” бр. 123 во Кисела Вода, а во оваа општина струја од 8.30 до 14.30 часот ќе немаат и корисниците на ул. „Јанко Мишиќ”.

Најавениот прекин е заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) по известување добиено од „ЕВН Македонија”.

Електрична енергија утре ќе нема и во делови на Карпош – од 9 до 12 часот струја ќе немаат корисниците од ул. „Јурин Гагарин” со броеви: 24, 30, 36а, 44а,  52, 58 и 70,  бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов” бр. 92, дел на ул. „Струшка” и ул. „Козле” од бр. 140 до бр.172, како и корисниците од објектите околу фирмата „Вериан ДООЕЛ” на бул. „Илинден”.

Од 12 до 14 часот во општина Карпош струја ќе немаат и корисниците од објектите околу фирмата „Дот мебел” на бул. „Илинден”.

РЦУК соопшти и за прекинато водоснабдување утре од 9 часот за корисниците на дел од улиците „Кирил и Методиј” и „Даме Груев” во општина Центар.

Според известување од  ЈП „Водовод”, прекинот ќе биде поради  отстранување дефект на затворач на водоводна мрежа и ќе трае до завршување на интервенцијата.