Без струја делови од Батинци, Волково, Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода, а Љубанци без вода

50

Поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, без струја денеска ќе бидат делови од селата Батинци и Волково, Општина Илинден и од населбите Ѓорче Петров и Кисела Вода, а поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа, без вода ќе бидат корисниците од село Љубанци.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, во период од 8 до 15 часот, без струја ќе биде дел од улица „7“ во село Батинци во Општина Студеничани.

Од 7:20 до 08:20 часот струја ќе нема во ТС „Оптима“, ТС „Виор“, ТС „Чеза Комерц“, ТС „Белви“, ТС „Мотел Белви“ и ТС „Бунар Белви“, во Општина Илинден, а од 9 до 14 часот дел од улиците: „531“, „532“ и „23“ во истата Општина.

Во Ѓорче Петров од 11 до 14 часот, без струја ќе биде улица „Крсто Гермов Шакир“ и од 9 до 14 часот село Волково кај црквата.

Од 8 до 9 часот, струја ќе немаат дел од корисниците на улица „Иван Козаров“, во близина на број 64, меѓу кои казино „Winner Slot“, Фото студио „ЗЖМ ЛИК“ и „МИЛЕ бои и лакови“, во Кисела Вода.

Прекинот на водоснабдувањето во село Љубанци е поради дефект на улица „7“, без број во село Љубанци, во близина на автобуската станица, и ќе трае од 9 часот до завршување на интервенцијата.