Без вода утре дел од Центар, а в среда селата Рашче, Бојане и Копаница

34

Поради реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Истарска“ бб во општина Центар, утре од 9 часот без вода ќе бидат жителите на улицата „Истарска“, како и дел од улиците „Битолска“, „Светозар Марковиќ“ и „Мирче Ацев“.

В среда, од 09:30 часот без вода ќе бидат селата Рашче, Бојане и Копаница во општина Сарај, поради реконструкција на усис во ПС Рашче 2.

Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекините ќе траат до завршување на интервенциите.