Без вода утре булеварот „Киро Глигоров“, Ќерамидница и улица „Перо Наков“

30

Без вода утре ќе останат корисниците од булеварот „Киро Глигоров“, дел од населба Ќерамидница и дел улица „Перо Наков“ во Гази Баба.

Од РЦУК – Скопје соопштуваат дека корисниците ќе останат без водоснабдување поради исклучување на стара водоводна мрежа и промена на затворач со пречник 200 мм на булеварот „Киро Глигоров“.

Корисниците ќе останат без вода од  9 часот се до завршување на интервенцијата.