Без вода скопско Ново Село, МРТ и МКЦ

22

Без вода денеска од 10:30 часот се корисниците од Ново Село поради дефект на водоводната мрежа во населбата Ѓорче Петров.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае до отстранувањето на дефектот.

Поради дефект, без вода на 17.09.2020 година, од 09:00 часот до завршување на работите ќе бидат и корисниците од МРТ и МКЦ, а со намален притисок ќе бидат корисниците од Автокоманда и Маџари.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради дефект на затварач на улица „Кеј Димитар Влахов“.