Без вода корисниците на дел од улиците „Црниче“ и „Востаничка“

183

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известува дека денеска поради промена на затворач од Ф-80 милиметри на улицата „Црниче“, раскрсницата со улицата „Востаничка“ во населба Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истите улици.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.