Без вода дел од улицата „Скупи“, Момин Поток и Криви Дол

77

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради дефект во шахта и штопирање на стара мрежа на улица „Скупи“, бб (во близина на „Мултибренд“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата „Скупи“, Момин Поток и место викано Криви Дол.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ма булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“, бб, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на потегот од улицата „Аминта Трети“ до улицата „Костурски Херои“ (вклучително Клубот на пратеници и амбулантата „Идадија“), како и дел од улиците „Коле Неделковски“, „Златко Шнајдер“ и „Шумадиска“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.