Без вода дел од корисниците од ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и од Усје

35

Поради дефект во шахта на булевар „Партизански одреди“, број 7 денеска прекинато водоснабдување ќе има кај дел од улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“.

Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 се до завршување на активностите.

Воедно, поради дефект на приклучна цевка на улица „Борис Трајковски“, крак 20 број 3, од 09:45 часот без вода ќе бидат корисниците на дел од Усје се до завршување на активностите.