Без вода дел од Кисела Вода и Капиштец

27

Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците од општина Кисела Вода.

Поради дефект на приклучна цевка на булевар „Борис Трајковски“, бб, без вода од 9:20 часот ќе бидат корисниците на старата мрежа од улиците „Јабланица“, „Саса“ и дел од булеварот „Борис Трајковски“, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Прекинато водоснабдување од 9:25 ќе имаат корисниците од улиците „Кавалска“, „Пржино“, „Баница“, дел од „Востаничка“ и дел од улица „Благоја Гојан“.

Прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефект на затворач на крстосницата „Востаничка“ со „Свети Наум Охридски“.

Поради уличен дефект, без вода денеска ќе бидат и корисниците од улицата „Народен Фронт“, број 21 и 23, како и стариот дел на ТЦ „Беверли хилс“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:45 часот до завршување со санација на дефектот.