Безос не штеди за новата партнерка: Се поднови со јахта за нов почеток/ВИДЕО

333
EPA-EFE/NINA PROMMER

Основачот на Амазон милијардерот Џеф Безос беше фотографиран на неговата нова јахта вредна 500 милиони долари со партнерката Лорен Санчез. Папараците ги уловија милијардерот и водителката за време на крстарење во Шпанија додека се одмораа на Мајорка.

На фотографиите може да се види како Лорен со насмевка на лицето во розово бикини ужива на палубата, а Џеф е „уловен“ во сини бермуди за капење.

Безос неделава по долго чекање ја добил новата јахта која го добила името „Кору“, што е маорскиот збор за нов почеток. Јахтата има три јарболи и е долга 120 метри.