Мега популарниот пејач Саша Ковачевиќ кој поодамна не настапи во Македонија, секако поради коронавирусот, денес сподели фотографија за своите огнени обожавателки. На сликата е скоро како од мајка роден.
Тој e во бањата додека ја средува брадата замотан само во белата крпа околу половината, но која намерно ја има спуштено се до најинтимното место од неговото мускулесто тело.
Дали е Саша можеби нудиста или сака да стане, тоа допрва ќе видиме, но со оваа фотографија на која е безобразно пристоен направи вистински хаос меѓу девојките кои сега отворено му се нудат и за брак.
Како и да е Ковачевиќ покрај тоа што нема нова песна, нема нов спот, нема концерти, има атрактивна фотографија со над 50 илјади лајкови поткрепени со срцепарателни коментари, сите испратени за само десетина минути. Д.М.