Поради исклучително ниската температура која во Велес се спушти до -18 степени, општинската организација на Црвениот крст од улиците на градот тргна еден бездомник кој го згрижи во пунктот за бездомници во „Момин Поток“ во Скопје.
Како што појасни за МИА, Орце Николов секретар на ООЦК Велес станува збор за 50-годишниот П.К бездомник од Велес, кој како единствено лице бездомник во Велес бил регистриран во Центарот за социјална работа во Велес.
Истото лице и минатата зима во деновите со многу ниски температури бил привремено сместуван на топло во пунктот на Црвен крст во „Момин Поток“.
Од ООЦК во Велес појаснуваат дека ја следат состојбата на терен во градот и ако бидат информирани и за други вакви лица кои се бездомници, ќе преземат мерки и ќе ги згрижат во „Момин Поток“.