Бев убеден дека Флорентино и Реал (М) ќе најдат решение

49

Најскапиот фудбалер на денешницата и најголема ѕвезда во дресот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Неимар, беше главна ѕвезда за време на летниот преоден рок. Брзоногиот напаѓач редовно ги полнеше спортските страници во сите весници кои постојано информираа за неговиот можен кам-бек во редовите на каталонскиот гигант Барселона.

Неимар не криеше дека сака да се врати на „Ноу Камп“, но двата клуба не најдоа заеднички јазик околу обесштетувањето. Францускиот клуб побара рекордни 300 мил. евра за обесштетувањето, додека Барса понуди далеку помала парична сума, но ги понуди и услугите на Иван Ракитиќ, Филипе Кутињо и на Осман Дембеле.

Во последното интервју кое го даде за Каталонското радио, капитенот на Барса, Лионел Меси, откри што точно мисли за нереализираниот кам-бек на Неимар во редовите на актуелниот шампион на Шпанија.

  • Искрено, откако стана јасно дека Неимар нема да се врати во редовите на Барселона, јас бев убеден дека ќе потпише за Реал (М). Бев убеден дека Флорентино и Реал (М) ќе ја решат целата ситуација, изјави аргентинскиот интернационалец.

Еден дел од шпанските медиуми, особени тие кои важат за поблиски до Реал (М) ја пренесоа изјавата на Меси, но потенцираа дека Меси во изјавата не потенцирал дека станува збор за претседателот на Реал (М) и дека му се обраќа само со Флорентино, без да го наведе неговото презиме и неговата титула.