Швајцарскиот тенисер Роже Федерер, преку својата Фондација посветува големо внимание на децата и на образованието на младите. Неодамна во Кејп Таун одигра егзибициски меч со Рафаел Надал и целиот приход беше наменет за таа цел.
Федерер има освоено рекордни 20 грен слем трофеи. Тој до 14-годишна возраст посетуваше настава во родниот Базел по што направи трансфер во националната развојна програма на Тениската федерација на Швајцарија. Деветолетка заврши на 16-годишна возраст, целосно се фокусира на тенисот и не заврши факултет.
– Од секогаш сакав да направам нешто за децата. Се решив за образование, што е најважна работа во животот, се разбира, со здравјето. Каков ученик бев? – Би рекол просечен, но секогаш се трудев на мој начин. Понекогаш ме заморуваа седењата и предавањата, па мораа да користат разни мотивациски трикови да го задржат моето внимание, откри Федерер.
Федерер е моментно најтрофејниот тенисер во историјата на тенисот со преку 100 освоени титули. Швајцарецот истот така со совите 38 – години се уште е активен на турнирите, но и фаворит за осовјување каде што ќе се појави. Во последно време често се зборува за негово пензионирање, а многумина очекуваат да го стори тоа по третиот грен слем турнир годинава – Вимблдон.