БЕБЕ И МАЈКА ИЗБОДЕНИ ВО СИДНЕЈ: Хероите што ги спасија открија детали – „го сопревме крварењето со облеки од продавница“

226

Двајца мажи кои случајно се нашле во трговскиот центар „Вестфилд бондај џанкшн“ во Сиднеј во моментот кога напаѓачот почнал по случаен избор да боде луѓе, на една австралиска телевизија опишале како му го спасиле животот на бебето кое исто така било жртва на овој напад.

Според нив, повредите биле многу лоши.

„Бебето и мајката се избодени со нож. Мајката дојде со бебето и ми го даде, јас го држев. Изгледаше многу лошо“, рекол еден од мажите.

Како што додаваат, се обиделе да го спречат крварењето со облека од продавница и повикале брза помош.

„Имаше многу крв на подот. Се надеваме дека бебето е добро“, рече другиот маж.

Мајката и бебето ги однеле на сигурно во продавницата, а потоа отишле да побараат помош.

Напаѓачот избодел луѓе по случаен избор
Според луѓето кои биле на местото на настанот во моментот на нападот, напаѓачот носел голем нож и почнал по случаен избор да ги боде луѓето. Посетителите на трговскиот центар почнале да бегаат, а продавачите ги внесувале во продавниците и ги заклучувале, а потоа преку споредните излези ги изнесувале на улица.

Исто така, очевидци тврдат дека напаѓачот бил застрелан од полицијата, што подоцна било потврдено.

Потсетуваме, околу 16 часот по локално време, маса луѓе панично почнаа да бегаат од трговскиот центар откако слушнале дојава за пукање и прободување. Полицијата потоа накратко изјави дека е во тек операција и дека е застрелан маж. Неговата состојба е непозната.

„Нешто пред 16:00 часот (по локално време) беа повикани службите за итна помош по извештаите дека неколку лица се избодени со нож. Се повикуваат граѓаните да го избегнуваат овој простор“, соопшти полицијата, пренесува 9news.com.au.