Бајден разговараше со лидерите на Египет и Катар за војната во Газа и денешниот инцидент

78
EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска разговараше со египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси и со емирот на Катар, Шеик Тамим Бин Хамад Ал Тани, за војната во Газа, соопшти Белата куќа.

Бајден, на одделни состаноци со Сиси и емирот на Катар, разговараше за војната во Газа и нивните напори да обезбедат ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас.

Американскиот претседател му се заблагодари на Сиси за водството на Египет во испораката на хуманитарна помош во Газа.

Лидерите нагласија дека ослободувањето на заложниците ќе резултира со итен и траен прекин на огнот во Газа за период од најмалку шест недели, според изјавите на Белата куќа по разговорите со Сиси и катарскиот емир. Тие разменија мислења за тоа како таков продолжен период на затишје може да се вклучи во нешто потрајно.

Тие, исто така, разговараа за плановите за зголемување на хуманитарната помош за Газа и за тоа како прекинот на огнот според договорот за заложници дополнително ќе помогне да се овозможат тие напори и да се обезбеди помошта да стигне до цивилите на кои им е потребна низ Газа.

На средбата се разговараше и за трагичниот и алармантен инцидент што се случи рано денеска на северот на Газа, а лидерите изразија жалење за загубата на цивилни животи.