Бајден побара од Путин ослободување на Навални

15

Американскиот претседател Џо Бајден побара од рускиот колега Владимир Путин да го ослободи опозицискиот лидер Алексеј Навални, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Таа прецизираше дека двајцата лидери телефонски разговарале минатата недела.

Псаки додаде дека Бајден „изразил загриженост“ поради акциите на Русија.

Претходно оваа недела Белата куќа соопшти дека Бајден и Путин се договориле тимови од двете земји итно да договорат продолжување на договорот за контрола на оружјето Нов СТАРТ, кој истекува на 5 февруари.

Извор:МИА