Бајден: Му наредив на Пентагон балонот да биде соборен, акцијата е успешно завршена

1127

Американскиот претседател Џо Бајден, се огласи по акцијата на американската војска за соборување на кинескиот шпионски балон. Бајден изјави дека акцијата била успешна и дека тој дал наредба на Пентагон да го соборат штом ќе биде безбедно.

–Наредив на Пентагон да биде соборен најбро можно – рече Бајден.

Американскиот претседател соопшти и дека било одлучено леталото да биде соборено кога ќе лета на 12 милји над океанот за да не нанесе штета никому на земјата и дека акцијата била успешно изведена.