Бајден во тотален „аут“, Мелони интервенираше/ВИДЕО

421

Американскиот претседател Џо Бајден со своето однесување веќе подолго време предизвикува загриженост и сомнеж за неговото ментално здравје. Списокот на незавидни моменти е предолг, од мешање имиња на луѓе и држави, заборавеност, поздравување со мртвите и бројни други непријатни моменти.

Светските лидери во моментов се во Италија на состанокот на Г7 чиј домаќин е италијанската премиерка Џорџa Мелони.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат како Бајден залута и се оддалечува од своите колеги за време на демонстрациите на скок со падобран.

Мелони потоа го повлече за ракав и го врати меѓу другите светски лидери, по што Бајден видно збунет ги става очилата за сонце.

Ова не беше единствениот бизарен инцидент на Бајден на самитот на Г7. Пред тоа, на едно видео беше прикажано како американскиот претседател неспретно ја поздравува Мелони пред да слезе од сцената. Истото го направи и со украинскиот претседател Зеленски.