Барселона со многу отсуства за Кралскиот куп

101

Повредите на неколку клучни играчи и претставуваат голем проблем на Барселона, која на финалето на Кралскиот куп против Валенсија сака да го освои вториот трофеј оваа сезона по „Ла лига“.

Како што пренесува „КП“, тренерот на Каталонците Ернесто Валверде ќе има особено ограничување при изборот на нападот.

По Луис Суарез, кој е опериран во коленото, во финалето ќе отсуствува и Усман Дембеле, кој исто така е повреден, како и Кевин Принс Боатенг, кој нема да биде подготвен за овој натпревар.

Финалниот натпревар на „Копа дел Реј“ меѓу Барселона и Валенсија ќе се игра на 25 мај.