Каталонскиот ракометен гигант Барселона, продолжи да доминира со совјата доминација во дуелите со најскапиот тим во светот Пари Сен Жермен. „Каталонците“ во 5. коло од Лигата на шампионите ја забележаа петтата последователна победа против големиот ривал. Избраниците на тренерот Раул Гонзалез, беа надиграни од бранителот на титулата со 30:27 (13:13).

Сепак, големото дерби во елитнотно натпреварување ги оправда очекувањата на ракометните фанови, затоа што ѕвездените тимови на Барса и ПСЖ одиграа возбудлив натпревар, зачинет со многу пресврти и атрактивни потези.

Дика Мем со седум гола беше најефикасен во победничкиот тим, а Нгесан и Фабрегас постигнаа по четири гола. Кај поразениот тим прв стрелец беше Хансен со седум гола, а четири дадоа Ремили и Пранди.

Веспрем продолжи да победува и на домашен терен славеше над Флензбург со 28:23 со што се врати меѓу најдобрите екипи во групата Б.

Унгарскиот вицепрвак на овој натпревар настапи без македонскиот интернационалец Дејан Манасков, кој се повреди пред две недели. Мануел Штрлек беше најдобар стрелец кај Веспрем со седум гола, пред Јахја со четири. Кај Флензбург, Ајнарсон даде пет, а Менсинг имаше четири гола.

Мотор Запорожје со гол во финишот беше подобар од Динамо Букурешт со 28:27.
Пуховски беше прв стрелец со пет гола кај Мотор, додека во романскиот тим се истакна Јонеа со седум погодици.