„Барса ризикуваше, а Холандија ќе плати“

273

Френки де Јонг, одличниот играч за врска на Холандија и Барселона, поради повреда на зглобот нема да игра на ЕП2024. Ваквата информација беше потврдена на пет дена пред првиот меч во Германија против селекцијата на Полска.

Неиграњето на Де Јонг е огромен хендикеп за Холандија. Тој е клучен и незаменлив, а колку му значи за селектор Роналд Куман покажува и податокот дека тој беше подготвен да го однесе на ЕП и по цена да ги пропушти првите два натпревари од групата, против Полска и Франција. Поточно, да заземе нечие драгоцено место во тимот иако на крајот може да одигра само еден натпревар на ЕП. Но, сега Де Јонг дефинитивно отпадна, откако на подготовките сфати дека не може да игра.

Де Јонг го повреди зглобот на почетокот на март и оттогаш одигра само три натпревари. Холанѓанецот играше за Барса против ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите и го одигра клучното „Ел Класико“ против Реал (М). Барса прво испадна од Лигата на шампионите, а го загуби дербито и титулата во Ла Лига.

Поради ваквиот екпилог Барселона беше нападната од селекторот на Холандија и легендата на тој клуб. Како играч, Куман е заштитен знак на Барса, која во 90-тите четири пати по ред ја освојуваше Ла Лига, а со неговиот погодок беше освеона Лига на шампиони. Пред три години како тренер ја одведе до трофејот во  „Кралскиот куп“, но тоа не го спречува да ги нападне клупските челници.  „Најважно е здравјето на играчот. Де Јонг има историја со оваа повреда, и покрај тоа неговиот клуб ризикуваше со него. Така Барселона презеде ризик со него, а сега плаќаме за тоа, мислам на Холандија“.