Барса купи напаѓач од Јапонија

61

Кашима Антлерс официјално го потврди трансферот на напаѓачот Хироки Абе во Барселона. Дваесетгодишниот фудбалер е еден од најголемите таленти на јапонскиот фудбал и стана вториот по Такефуса Кубо (Реал Мадрид), кој ова лето премина во еден од гигантите на Ла Лига.

Абе направи деби во сениорскиот фудбал во 2017 година, а минатата сезона триумфираше со трофејот од Азиската шампионска лига.

Минатиот месец фудбалерот запиша и прв натпревар за јапонскиот национален тим за време на учеството во Копа Америка.

Минатата кампања Абе ја освои наградата за најдобар дебитант во Џеј-лигата. Се верува дека, барем во почетокот, тој ќе игра во вториот тим на Барселона