Барса го позајми Жалуз на Фуксе Берлин

18

Тунискиот репрезентативец Ваел Жалуз стана прекуброен во каталонскиот гигант Барселона, па следната сезона ќе ја помине на позајмица во дресот на бундеслигашот Фуксе Берлин. Тој има уште три години договор со Барса, но оваа сезона за него немаше место во „Блауграна“.

По заминувањето на Штефан Фет во Рајн Некар Ловен, Жалуз би требало да биде лидерот на Фуксе, кој не доби вајлд карта за Лигата на шампионите и ќе мора да се задоволи со ЕХФ Купот.

Ова е враќање во Бундеслигата за тунискиот лев бек, кој своевремено го носеше дресот на Кил две сезони. Негов соиграч во Фуксе Берлин, ќе биде и доскорешниот вардарец, Мијајло Марсениќ.