Барса бира, казна од 300 евра или натпревар без публика

118

Најпосле е позната и која ја доби каталонскиот гигант Барселона поради неправилностите кои биле направени за време на преговорите со францускиот интернационалец Антоан Гризман. За време на летниот преоден рок, брзоногиот напаѓач се пресели на „Ноу Камп“, откако актуелниот шампион на Шпанија ја активираше ослободителната клаузула во договорот на Гризман вредна 120 мил. евра и на тој начин Атлетико (М) немаше право на избор.

Судијата Хуантхо Ландабера, кој беше одреден од страна на Фудбалската федерација на Шпанија, донесе одлука според која Барса мора да плати казна од само 300 евра.

Сепак судијата признава дека станува збор за симболична казна и даде предлог Барселона еден натпревар да одигра пред празни трибини, пишува „Ел Мундо“ и објаснува дека судијата се има повикано на членовите 88 и 126 од дисциплинскиот правилник на Фудбалската федерација на Шпанија.

Атлетико (М) ја обвини Барселона дека преговарала со Гризман додека неговата ослободителна клаузула изнесувала 200 мил. евра, односно пред истата да биде намалена на 120 мил. евра. Извршниот директор на Атлетико (М), Мигуел Анхел Гил Марин тврди дека има докази за тоа.