Балканска опседнатост со акциски легенди: Брус Ли од Мостар исчезна, Роки од Житиште уште се држи/фото

414

Градот Мостар нема никаква врска со отстранувањето на статуата, а нема ниту општинската корпорација Мостар, пишува локалниот портал Бљесак инфо.

Од МВР засега немаат официјални информации за овој настан.

Жителите на блиската куќа рекле дека „Брус Ли“ бил таму последните неколку дена и едноставно исчезнал преку ноќ, пренесува Euronews Србија.

Овој споменик е поставен во 2005 година, откако во 2003 година лидерите на невладиното здружение „Урбани покрет – Мостар“ покренаа иницијатива на јавна трибина и ги поканија ликовните уметници да ги понудат своите решенија.
Зад идејата стојат членовите на ова движење Нино Распудиќ и Веселин Гатало.

„Го видов. Се уште не знам ништо. Тоа е многу лош знак, статуата му припаѓа на градот од моментот кога е поставена, па мора да ја прашате градската власт што се случува“, коментира Нино Распудиќ за Хрватскиот портал 24сата.

Статуата, дело на Иван Фијолиќ, еднаш беше отстранета од паркот заради поправка, откако беше оштетена од вандали.

Мостар не е единственото место на Балканот каде што решија да им оддадат почит на акциските легенди, па Житиште го краси статуата на боксерот Роки Балбоа, херојот на култниот филмски серијал кој го игра Силвестер Сталоне.

Случајните минувачи на централниот плоштад на ова село кај Зрењанин од 18 август 2007 година Роки ги „одмерува“ од височина во препознатлива поза со кренати раце.