Балашевиќ со стара песна во нова верзија, посветена на разурнатиот град Вуковар

211

 

Славниот српски кантавтор Ѓорѓе Блашевиќ има (старо) нова песна. Но, секако дека станува збор за официјалниот Јутјуб-канал на Балашевиќ што го води и уредува неговото новосадско семејство. Токму тука, на тој канал, излезе најновата верзија на песната „Човек со месечина во очите“, која некогаш е отпеана во живо.

Инаку, посветена е на хрватскиот град Вуковар и „сите разурнати градови низ светот“ во која било од војните, па така и во тогашната југословенска граѓанска војна.

Песната е дел од култниот албум  на Балашевиќ „Еден од оние животи“. На истиот албум се наоѓа и песната „Криви сме ние“ која е исто така уште една антивоена песна на никогаш прежалениот пејач, композитор и текстописец. Во неговата родна Србија споменатиот албум предизвика бурни реакции во времето на тогашната власт на Слободан Милошевиќ.

Народот се  подели околу тоа, прашувајќи се на чија страна застана Балашевиќ? На Српската или Хрватска? Со тоа војната, која и да е, ја покажа својата ѓаволска неблагодарна работа.  Д.М.