Баерн (М) играше ракомет со Барселона

67

Вистинска катастрофа доживеа каталонскиот гигант Барселона во 1/4 финалната пресметка од Лигата на шампиони. Избраниците на Кике Сетиен играа како мали деца во сите 90 минути и сосема заслужено беа поразени од германскиот бундеслигаш Баерн (М) со историски 8:2.

По два погодока постигнаа Томас Милер и Филипе Кутињо, а во листата на стрелци се запишаа и Џошуа Кимих, Серж Гнабри, Иван Перишиќ и Роберт Левандовски. Давид Алаба постигна ефектен автогол, а вториот погодок за Барса беше дело на Луис Суарез.