Бадијала ти е името Машо, кога не те препознаваат (Видео)

38

На Австралија опен секогаш се случуваат интересни работи кои не се директно поврзани за случувањата на теренот. Една таква ситуација и се случи на поранешната шампионка на Вимблдон, Русинката Марија Шарапова, која во овие моменти го игра натпреварот од второто коло против Швеѓанката Ребека Петерон.

Непосредно пред овој дуел, додека популарната Маша минуваше низ еден од влезовите на арената Род Лејвер, односно се движеше на страната на која можат да минуваат само играчите и нивните членови од тимот.

Една жена од обезбедувањето очигледно не ја препозна тенисерката, па се обиде да ја запре со рака, да не оди натаму, но Шарапова следејќи ја нејзината реакција, се сврте и и ја покажа својата акредитација. Потоа се поздрави со некој познаник, додека редарката остана да размислува која е тенисерката која сакаше туку – така да помине.