Баба рум- италијански десерт за кој не морате да одите до Неапол

64

Колку што е позната и препознатлива по пастата и пицата, Италија е еднакво неодмилива заради сладоледот и слатките.

Овој можеби нетипичен, ама стар и традиционален десет е препознатлив за Неапол можеби еднакво и многу повеќе од традиционалната „пица наполитана“.

Неизбежно ќе го сретнете во понудата на секој бар или ресторан, а дури и во домашните кујни.

Присутен е во свеските кујни во последните 20-50 години, и ако навидум се чини дека подготовката за овој десерт е многу сложена, односно бара многу време, ќе се изненадите дека не е така.

За сите што сакаат свеж, ама и прелеан со шербет десерт, заслужува да се проба.

Потребно е:

  • 600 г 00 манитоба брашно
  • 12 јајца со средна големина
  • 1 шолја путер, омекнат
  • 30 г шеќер
  • 25 мл Вода на собна температура
  • 4 г активен квасец
  • 10 г сол

За сирупот

  • 2 литри вод
  • 800 г шеќер кристал
  • 40 г  цела кора од портокал
  • 40 г  цела кора од лимн
  • Цимет
  • Ѕвездест анасон
  • Рум 60-70 мл

Глазирање

  • мармалад од кајсии

Приготвување:

Сувите квасец се меша со 25 милилитри вода и се матат со миксер, а може и со рака, со дрвена лажица. Се меша со 30 грама брашно и се остава да отстои 30 минути. Потоа стасаниот потквас се става в целото брашно, извадено од ладилник, малку сол. Во меѓувреме се матат јајцата. Со соодветна маталка, со миксер изматете го тестото, постепено додавајте ги јајцата убаво да се соединат со брашното, додадете го и шеќерто и мешајте 15 минути додека да добиете компактна маса. Оставете го тестото покриено со пластична фолија да одмора во рената 3 часа.

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Откако тестото ќе искисне по 3 часа, кинете парчиња во големина на голф топче, и ставете ги во калапите за колачите, да бидат исполнети до половина. Печете ги во долниот дел од рерната 35 минути, или додека да добијат златко-кафеава боја. Кога ќе бидат испечени, извадете ги од рерната и оставете ги целосно да се изладат.

Извадете ги од калапите и потопете ги во сирупот. Нежно притиснете ги и превртете ги наопаку на жица да се цедат. Потоа премачкајте ги со џемот од кајсија, да добијат фина глазура. Ставете ги во фрижидер да се изладат убаво пред сервирање. Напрскајте ги со рум и одозгора ставете им изматен шлаг.

При послужување украсете ја чинијата со свежи јагоди или малинки.